Бостон повторно го победи Кливленд во рамките на натпреварувањата во Источната конференција. Со тоа Бостон води со 2:0 во меѓусебните средби. Конечниот резултат овој пат беше 107:94. Ова беше деветта победа на Бостон на овие натпреварувања. На средбата шест домашни кошаркари постигнаа повеќе од 10 поени, но на спротивната страна најистакнат беше Леброн Џејмс. 31-годишниот играч ја затвори играта со „трипл-дабл“, односно со 42 поени, 12 асистенции и 12 скокови. Сега серијата на плејофот се сели во Кливленд.

Shpërndaj me