СЈО побара осудителна пресуда и затвор за помошникот-министер во МВР за јавни набавки, Ѓоко Поповски. Откако денеска финишираа завршните зборови на обвинителството и на одбраната, судијката Добрила Кацарска го закажа соопштувањето на пресудата на 22 мај.

Според Обвинителството, на Поповски му се заканува затвор од 4 до 15 години за злоупотреби при набавката на 300 нови возила за полицијата.

Одбраната пак, побара Поповски да биде ослободен од обвинението, а тој самиот посочи дека целата постапка која се води приотив него сериозно влијаела на неговото здравје

„Возилата кои се предмет на кривично дело сè уште ги користи полицијата.  Кога се формираше СЈО, јас и Катица Јанева потпишавме договор да им отстапиме едно возило – „шкода суперб“, кое исто така беше и е предмет на кривичното дело за кое ме гони истото СЈО. Изминатиов период се соочив со многу закани и уцени, притисоци на кои тешко одолеав“, изјави Поповски.

Тој не кажа кој му се заканувал и кој го уценувал и посочи дека после Нова Година добил отказно решение од полицијата под, како што рече, сомнителна дисциплинска постапка.

Ѓоко Поповски е обвинет ви во случајот „Тенк“, за набавка на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра.

Shpërndaj me