За да го поминат граничниот премин Ќафасан кон Албанија, превозниците прво мора да се најават за да извршат фитосанитарна и ветеринарна контрола на производите за извоз. На овој граничен прмемин нема постојани лица за овој вид контроли. Дополнителни задржувања кои им прават финансиски трошоци на транспортерите е и скенирањето на возилата, бидејќи цариснките служби од албанска страна чекаат да се соберат повеќе камиони за наеднаш да ја поминат оваа постапка, покажува анализата на Стопанската комора на Македонија.

Иако имаме потпишано договор за заедничка контрола и со Албанија, но и со Србија, овој систем се уште не е воспоставен поради незавршени административни процедури. Компаниите бараат заедничкото царинење да започне најдоцна од 1 октомври.

„Сакаме да упатиме апел на поитно превземање и интензивирање на веќе отпочнатите активности на надлежните државни институции за потпишувањ ена билатерални договори со институциите од соседните држави Република Србија и Албанија за отпочнување на процесот на заеднички гранични контроли на овие два гранични премина“, рече Анета Трајковска, Стопанска комора на Македонија.

Транспортерите чекаат од три часа, а понекогаш и до три дена за фитосанитарна и ветеринарна контрола и на граничниот премин Табановце. За викенд, српските служби не работат. Проблем кој предизвикува долги задржувања на овој премин е и тоа што на меѓуграничниот простор нема лента за брз транзит на товарни возила.

Резултатите од мониторингот кој го спооведе Стопанската комора на Македонија покажува дека на граничниот премин Ќафасан во понеделникот од 10 до 20 часот излегле 67 возила, а просечното време за спроведување  на царинските и полициските формалности изнесувало 13 минути.

За истите постапки од албанска страна транспортерите потрошиле 40 минути. Во исто време при мониторингот на Табановце за излез се евидентирани 380 товарни возила. Најдолго регистрирано време на чекање во колона на тој граничен премин изнесувало 15 минути. Според мониторингот на Светска банка, превозниците губат 80 проценти од своето време чекајќи на граница, а 20 проценти движејќи се по патиштата. Долгото чекање на граница ја намалуваат вредноста на стоките до еден процент, а кај земјоделските производи и до седум проценти.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...