Бели чорапи се само за спорт
Една од најчестите модни грешки што машките ја прават е носењето на бели чорапи вон спортски активности.
Ако одите во теретана белите чорапи се супер. Меѓутоа вон спортските активности белите чорапи се со големо НЕ.

Елегнатните чевли бараат и елегантни чорапи
Ако носите елегантни чевли не може да носите спортски чорапи без разлика на бојата (црни исто така).
Спортските чорапи се прават од поинаков материјал за разлика од елегантните кои е состојат од повеќе памук.
Освен тоа спортските чорапи најчесто се ребрасти, а тоа дава неубава контраст ако ги носите на елегантни чевли.

Комбинирајте ги чорапите со панталони, а не со чевли
Кога носите елегантни или кежуал панталони (не мислиме само на фармерки), бојата на чорапите би требало да се совпаѓа со бојата на панталоните, а не со вашите чевли.
Црните панталони се совпаѓаат со црните чорапи, а кафените панталони со кафена боја на чорапи.
Истото ваши и за сините или пак, сивите панталони. Внимателно одбирајте чорапи за друга нијанса на панталони. Пробајте неколку пара чорапи пред да одберете.
Ако се двоумите, темните бои се секогаш најдобри. Важно е чорапите да ги комбинирате со панталоните, а не со чевлите.

Не ги подвиткувајте чорапите
Подвитканите чорапи изгледаат неуредно и чудно, а покрај тоа вашите зглобови ќе изгледаат гломазно ако ги носите на фит слим панталони.
Носете ги чорапите исправени и на тој начин ќе добиете чиста силуета дури и ако носите панталони со широки ногавици.

Инвестирајте во нови чорапи
Еднаш во шест месеци може да си дозволите мал шопинг на чорапи.

Одбегнувајте чорапи со шорцеви
Ова е вообичаена модна грешка – чорапи и шорцеви.
Ако веќе го правите тоа потребно е да ги подвиткате или наберете, а тоа веќе кажавме дека е неприфатливо.
Покрај тоа кога носите ваква комбинација визуелно ги кратите нозете.
Истото важи и кога носите чорапи со сандали.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...