На Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје беше промовирана иницијативата “Алумнус за Универзитетот“. Во нејзини рамки, директорот на компанијата “Дони Фруитс“ од Косово, Ејуп Ахмети на Универзитетот му подари компјутери. Тој одржа предавање за предизвиците и искуствата од студирањето за бизнис и ги запозна студентите за проблемите со кои се соочуваат стопанствениците на Балканот.

Според него, деловната клима во Косово и регионот не нуди добри услови за бизнис. Ректорот на Универзитетот,  Абдулменаф Беџети на Ахмети му додели признание за неговите последни достигнувања во работењето, поради неговиот придонес како поранешен студент и сопственик на еден од најуспешните бизниси во земјава.

Loading...

Shpërndaj me