Скоро сите универзитети воведуваат он-лајн образовен процес, односно држење настава преку интернет за своите студенти. Во некои од нив, интересот кај студентите бил речиси 100%. Ректорот на Универзитетот на југоисточна Европа, Абдулменаф Беџети, за Алсат соопшти дека во моментов на ваков начин на предавање се пререгистрирани 495 предмети од сите факултети на универзитетот.

„Имаме постојано прашања, студентите се многу активни на овие предавања и право да ви кажам, дури може ова да им прејде во навика, па потоа ќе ни биде тешко да ги вратиме на традиционалните услови и да бидат присутни во училниците. Се разбира, младите претпочитаат онлајн предавања во онлајн системот, затоа што се покомотни и поудобни во овој поглед. Постои голема интерактивност од страна на студентите, на некои предмети учеството е 55- 60%, но некои одат и над 90% што дури и во традиционални услови не се толку присутни“, рече, Абдулменаф Беџети, Ректор на Универзитетот на југоисточна Европа.

Слично е на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Ректорот Никола Јанкуловски вели дека веќе ја разгледуваат можноста да најдат слична формула и за испитите.

Во меѓувреме, Министерството за образование веќе подготвило три предлог-укази кои ќе бидат доставени до владата, а кои се однесуваат на т.н. учење од далечина. Станува збор за основното, средното и високото образование.

„Електронските алатки за комуникација што ги предлагаме преку овие нацрт-укази, можат да бидат платформи за видео-конференции, електронска пошта или други електронски комуникациски системи кои ќе овозможат одржување на образовниот процес во согласност со делот од наставната програма или со делот од студиските програми што останале нереализирани во овој процес. Мислам дека учебната година ќе заврши успешно“, рече Арбер Адеми, министер за образование и наука.

Кога станува збор за децата кои немаат пристап до Интернет и живеат во тешко достапни места, министерот Адеми вели – целата територија на земјава е покриена со Интернет.

Мелихате Рустеми

Loading...

Shpërndaj me

Loading...