Судот во Киев започна постапка преку која ќе му се забрани излез од државата на украинскиот претседател во заминување, Петро Порошенко. Како што се наведува во соопштението од Судот, постапка се води и против повеќемина високи функционери и политичари. Меѓу нив се и премиерот Владимир Гројсман, портпаролот на Врховната рада, Андреј Парубиј, претседателот на компанијата „Хафтогаз“ и судии од Врховниот суд. Поднесено е обвинение и против работата на украинските служби за безбедност, Националната полиција и Граничната полиција, заради сомнение дека не се спротивставиле на корупцијата на наведените лица.

Loading...

Shpërndaj me



Loading...