Ниту Елем Турс, ниту општината Тетово, ниту министерот за економија Крешник Бектеши не го одржаа зборот за ветените инфраструктурни инвестиции на Попова Шапка. Исто се чини и оваа година, туристичката сезона ќе започне со недостиг на паркинзи, оштетена инфраструктура, канализација која протекува на површината и населба со вили претворена во гето.

Завршувањето на работите на шестоседот и асфалтирањето на патот треба да се поздрави, велат бизнисмените, но овие два проекта ќе го зголемат бројот на автомобили, а нема катна гаража. Сето тоа ќе го отежни пристапот до Попова Шапка.

„Ние секогаш ќе го имаме проблемот со паркирање затоа што ако функционира шестоседот, ќе има поголем прилив на гости и паркирањето ќе мора многу добро да се управува, но паркирањето сепак ќе биде главниот проблем. Канализацијата не е регулирана, но ако има време, сами ќе се обидеме да направиме нешто. Јавниот превоз во сезоната е исклучително важен. Слушнавме дека општина Тетово има формирано претпријатие и ќе се обидеме да организираме јавен превоз, затоа што е многу важно да се намали бројот на автомобили“, рече Ашим Асани- Бизнисмен.

Вештачкиот снег беше ветување, но не се исполни. Проектот започна пред неколку години, но беше стопиран без никакво објаснување, а никој не одговара зошто е тоа така.

Инфраструктурата е оштетена и од другата страна на Попова Шапка, во населбата на вилите, каде жителите очекуваат општината да интервенира барем во канализацијата и асфалтирањето на патот, но од општината велат дека немаат пари.

„Проектот со кој аплицирал Центарот за развој на Полошкиот регион во Светската банка не е одобрен според бараната вредност од 1,5 милиони евра“, велат од Општина Тетово.

„Одговори за овие пречки побаравме од директорот на Попова Шапка, но и од директорот на ЕЛЕМ ТУРС, никој немаше време да се произнесе за медиумите за да соопштат со каква сезона ќе почне туризмот на Попова Шапка“.

Башким Сулејмани

Loading...

Shpërndaj me

Loading...