78 илегални имигранти се пронајдени кај Штип во раните утрински часови. Биле откриени во возило со скопски регистарски таблички.

СВР Штип:

„78 илегални мигранти се пронајдени во населбата Три Чешми во Штип. Мигрантите биле пронајдени околу 4 часот кога полицијата го запрела возилото со скопски регистарски таблички. Со возилото управувале 46-годишниот С.П. и 32-годишниот Т.Р. од Велес, кои се уапсени. Во полициската станица во Штип се води разговор со имигрантите за да се дознае од каде доаѓаат.“

Од полицијата во текот на денов појаснија дека бројот на мигранти кои нелегално влегуваат на наша територија е во рамките на нормалата и покрај тензиите на турско-грчката граница.

По одлуката на Турција повеќе да не им забранува на мигрантите и бегалците да бараат влез во земјите од ЕУ преку Бугарија и Грција, ситуацијата во регионот станува сè подраматична. Но, додека Бугарија тврди дека кај неа не се случува ништо, полицијата во Грција веќе два дена се обидува да спречи илјадници мигрантите од Турција да влезат во Грција. Грчкиот заменик-министер за одбрана Алкивијадис Стефанис изјави дека 9.972 нелегални имигранти биле запрени, а 73 уапсени само до 6 часот утрово. Во меѓувреме, грчките медиуми пренесуваат дека меѓу 7 и 11 часот, над 400 мигранти стигнале до грчките острови Лезбос, Хиос и Самос, додека илјадници други чекаат на турскиот брег. Во исто време, официјална Анкара соопшти дека само до 10 часот претпладнево бројот на имигранти што ја напуштиле Турција преку Едрене изнесува 76.358. Ситуацијата ескалираше откако Турција и Сирија не успеаја да се договорат за проблемот околу градот Идлиб. Турција започна операција за одмазда против силите на сирискиот претседател Башар Ал Асад поради убиството на 33 турски војници.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...