Научниците од Универзитетот Бејлор во САД, објавија дека под таканаречениот Аиткенов базен на Месечината регистрирале огромна маса со непознато потекло. Според нивните истражувања, во подрачјето лоцирано во близина на јужниот пол на нашиот природен сателит би можело да лежи метален материјал од астероид кој во далечното минато удрил на површината на Месечината, пренесува „Геофизикал рисерч“.

„Замислете огромна количина метал, пет пати поголема од Големиот остров на Хаваите, да ја закопате под површината. Ние откривме токму толкава неочекувана маса“, изјавил Питер Б. Џејмс, асистент по планетарна геофизика на Бејлор.

Кратерот над огромната маса е широк околу 2.000 километри, но не може да се види од Земјата бидејќи се наоѓа на одалечената страна на Месичината што никогаш не е завртена кон нашата планета.

Аиткеновиот базен се создал пред околу 4 милијарди години и претставува најголем и најстар познат кратер во нашиот сончев систем. За првпат во него оваа година слета кинеската сонда „Чанг е-4“. Кратерот во 1970 година е наречен според американскиот астронаут Роберт Грант Аиткен.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...