Сопственикот и капетанот на бродот „Атлантија“ на кој пред два дена поради труење со јаглероден монооксид едно лице почина, а две деца се во животна опасност, се уапсени.

Се товарат дека неколку дена пред трагедијата кај островот Хвар, непрописно вградиле агрегат во машинското одделение на бродот поради што дошло до пропуштање на отровни гасови во кабината.

Станува збор за бензински агрегат кој се користи во градежништвото на отворен простор, а е забранет за употреба на пловни објекти.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...