По инцидентот на натпреварот ПАОК-АЕК, на грчкото фудбалско првенство му се заканува исклучување од ФИФА или таканаречен спортски Грекзит. Веста ја соопшти лично грчкиот заменик министер за култура и спорт, Јоргос Василијадис. Според него, ФИФА може да се одлучи на таков чекор со единствена цел, да се смири ситуацијата во грчкиот фудбал. Пред неколку дена грчката Влада после хаосот кој се случи на натпреварот ПАОК-АЕК, одлучи да го суспендира првенството на неопределено време. Василијадис смета дека сопственикот на ПАОК, Иван Савидис поради инцидентот со носењето пиштол на теренот, треба да добие и голема финансиска казна.

Shpërndaj me