Исхраната на дијабетичарите мора да биде исклучително здрава. Правилната исхрана помага во контролирањето на шеќерот во крвта, одржувањето на телесната тежина и доброто расположение, пишува WebMD.

Неколку познати диети се во потполност прилагодени за лицата кои боледуваат од дијабетес. Еве дел од нив.

Стандардна диета
Водете сметка за големината на порциите и бројот на калории. Од исхраната исфрлете ги пржената храна, слатките, газираните пијалоци и се што е пресолено и мрсно. Наместо тоа, фокусирајте се на исхрана која изобилува со зеленчук, интегрални житарици, млечни производи со низок процент на масти, овошје и здрави масти. Можеби ќе треба и да јадете во определено време за да ја одржите рамнотежата на шеќерот во крвта. Вашиот доктор може да ви помогне да го прилагодите вашето мени.

Медитеранска диета
Во оваа здрава диета се застапени овошјето, зеленчукот, рибата, пилешкото, јаткасите плодови, маслиновото масло, мешункастите плодови и интегралните житарици. Меѓутоа, она што треба да го избегнувате е црвено месо, сол и путер. Истражувањата покажуваат дека ова диета помага при одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта. За време на ручекот можете да се напиете и црвено вино, но Американското здружение за дијабетес не препорачува повеќе од 1 чаша за жени или две за мажи.

ДАШ диета
Нутриционистите го препорачуваат овој начин на исхрана и за снижување на крвниот притисок. Во рамките на оваа диета се конзумира овошје, зеленчук, млечни производи, интегрални житарки, ореви и грав. Истражувањата покажуваат дека ако се придржувате до оваа исхрана можете да го контролирате шеќерот, но и да го изгубите вишокот килограми.

Палео
Идеата позади оваа исхрана е да јадете се што јаделе луѓето пред модерната цивилизација. Значи без рафиниран шеќер, млечни производи и преработени производи. Можете да овошје, зеленчук, риба, ореви и семки.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...