Жените ја сакаат шминката, но најчестите грешки кои ги прават се следниве…

1. Премногу коректор

Поради желбата за совршен изглед, многу од нас прават грешки со ставање на многу коректор. Ако одберете погрешна боја и ставите дебел слој, ќе добиете спротивен изглед- борите ќе дојдат до израз и генерално ќе изгледате постари.
Користете светла боја на коректор за кожата да ви изгледа здрава и природа.

2. Премногу маскара на долните трепки

Маскарата има одлична улога за истакнување на очите. Но, доколку нанесете премногу, особено на долните трепки, тогаш тоа би изгледало навистина не убаво.

3. Погрешна нијанса на руменило

Нанесувањето на руменило е многу важно како и бојата. Нанесувајте руменило од надворешниот агол на окото во линија со јаболчниците, ако не сакате да добиете „супштени образи“.
Користете свежа, светла нијанса на руменило, но никогаш не многу темна.

4. Неправилно ставање на темни нијанси на сенка

Не ставајте темни нијанси на целиот капак, бидејќи таквиот изглед ќе направи да изгледате повозрасно. Такви сенки користете само за надворешниот агол на окото.

5. Премногу креон на долниот дел на трепавиците

Темниот молив под очи понекогаш може да ве направи и страшни доколку не го нанесете соодветно, а покрај тоа доколку ставате од внатрешната страна, визуелно ќе ви го намали окото.
На овој начин нема да може да ги истакните очите, ниту пак да добиете покруен изглед.

6. Користење на кармин наместо руменило

Водете сметка кога сакате да носите кармин и уменило! Ако карминот е силна нијанса тогаш руменилото треба да е во светла и нежна нијанса. Нагласени јаболчници и нагласени усни е големо НЕ!

7. Претерано истакнување на веѓите

Девојките навистна знаат да претераат со исцртување на веѓите. Но, знаат и изгледот да го направат смешен со тоа што не одбираат иста боја на молив. Бидете умерни во цртање на веѓите и пред се задржете го природниот изглед.

8. Лоша нијанса на молив за усни

Моливот за цртање на усните е важен дел за формата. Со моливот може да ја зголемите увизуелно усната. Сепак, би требало да внимавате на изборот на молив, да не користите пренападна нијанса или премногу темна. Во завиност со бојата на карминот, одберете и молив.

9. Премногу слоевни на пудра

Пудрата е одлична за прекривање на се и е најдобар пријател на жената. Но, доколку нанесете многу слоеви на пудра, тогаш тоа ќе изгледа навистина невкусно или подобро кажано вашата кожа ќе биде „цементирана“! За ова дефинитивно немате потреба.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...