Кралеви, претседатели, премиери, сите тие сакаат да уживаат во благодетите на нивната позиција, а луксузните автомобили се неизоставен дел од сето тоа. Еве ја листата најскапи возила кои државниците низ светот ги поседуваат.

10. Владата на Индија поседува Мерцедес-Бенц С-600 (180.000 долари). Оваа „Мечка“ содржи класичен но и доста модернизиран дизајн, а внатрешноста на автомобилот е преуредена со специјално опремени седишта кои пружаат голема удобност.

9. Филипинскиот Мерцедес В-221 (250.547 долари) има фелни од 17 инчи и масивен мотор којшто на државнициите им нуди комфорт и експресно брз превоз доколку за тоа има потреба.

8. Мерцедесот лимузина С-Класа (251.417 долари) на рускиот претседател Владимир Путин.

7. Малезискиот државен Мајбах 62 (394.000 долари) – конструиран се цел да биде совршено возило за малезиските државници.

6. Британскиот Јагуар Икс-Џеј Сентинел (455.025 долари) содржи 5-литарски В-8 мотор и е целосно отпорен на куршуми.

5. Тајландскиот Мајбах 62 (500.000 долари) има широк ентериер, фрижидер со луксузни вина и најсофистицирано озвучување.

скапи државни автомобили2

4. Мерцедесот М-Класа (524.990 на папата, којшто е попознат како „Папомобил“. Станува збор за модифицирана верзија којашто на задниот дел има стаклена бариера за папата да може да ги поздравува своите верници, а во истовреме и да биде заштитен. Автомобилов обично се движи бавно, но малку е познато дека тој може да развие брзина и до 260 километри на час.

3. Кинеската Хонгви Лимузина (801.624 долари), важи за најскапиот автомобил во Кина воопшто.

скапи државни автомобили3

2. Американскиот Кадилак Уан (1.500.000 долари) на претходниот претседател на САД, Барак Обама.

Германскиот владин Мерцедес-Бенц С-600-Л (174.890 долари), и Ролс Ројсот Фантом ВИ (148.645 долари) на султанот на Брунеи, се најдоа на 11. и 12. место.

На место број 1. се наоѓа лимузината Бентли на британската кралица којашто чини 15.167.500 долари.

Shpërndaj me