Зрачењето е многу опасно. Тоа може да предизвика многу здравствени проблеми, а во доволно големи дози може да биде смртоносно. За среќа, таквите места на Земјата не се многу, но ако се најдете таму, не останувајте премногу долго.

Еве неколку од најрадиоактивните места:

Ramsar, Iran

Луѓето во иранскиот град Рамсар, добиваат годишна доза на радиоактивно зрачење од 260 mSv, што е значително повеќе од 20 mSv колку што е дозволено за нуклеарните електрани. Просечен човек годишно прима 3.1 mSv. Причина за зрачењето се природните жешки извори кои топат карпи, богати со ураниум под површината, а потоа водата влегува во варовникот од кој градат куќи. Ураниум може да се најде и во културите и водата за пиење.

Една студија од 2002 година покажа дека ова зрачење предизвикало 56 отсто повеќе хромозомска аномалија кај 33.000 луѓе во градот. Научниците препорачуваа жителите да одат на друго место, но таквата препорака немаше никаков ефект.

Goiania, Brazil

Во 1987 година е ограбена напуштената болница Гојани во потрага по метали. За жал, крадците пронашле мала капсула полна со високо радиактивен цезиум хлорид, која се користела при радиотерапија. Капсулата резултирала со смрт на четири лица. Неколку градски блокови биле контаминирани.

На крајот, 300 лица се здобиле со радиоктивна контаминација. Преку 100 000 лица се тестирале од труење со радијација. Иако животот на ова место се вратил во нормала, некои места останале контаминирани.

Mailuu-Suu, Kyrgyzstan

Овој рударски град во јужен Киргистан сеуште ги сноси последиците од советската нуклеарна програма. Во него се вадел ураниум од 1946 до 1967 година, но областа е контаминирана и ден денес. Поголемиот дел на отпадна руда е закопана по должината на локалната река. Извештајот од 2010 година предупредува дека е потребно итно нејзино прочистување поради процентот на заболени од рак на локалното население. Во овој град сеуште живеат околу 20 000 лица.

Sellafield, UK

Селафилд е локалитет за уништување на нуклеарен отпад каде сеуште постои висока радијација. Ова е место каде доаѓа радиоактивен отпад од 15 оперативни британски нуклеарни реактори. Отпадот создава степен на радиација до 280 сиверти дневно, што е 60 пати повеќе од смртоносна доза.

Hanford, US

Комплексот за нуклеарно складирање Хенфорд, генерално се смета за најрадиоактивна локација во САД. Некогаш таму се произведувал плутониум, а денес таму се наоѓа околу 65% од американскиот нуклеарен отпад. Во мај 2017 година се распадна тамошниот тунел предизвикувајќи евакуација на работниците.

Неодамна во февруари 2018 година во некои возила кои се користат за работа е пронајден америциум-241 во воздушните филтри. Траги од контаминација се пронајдени дури 16 километри од Хенфорд.

Chernobyl, Ukraine

Катастрофата во Чернобил во 1986 година предизвика огромна радиација која се прошири до Белорусија, Украина и северна Европа. Преселени се околу 116 000 луѓе. Денес може да се посети Чернобил, но сеуште постои радиација.

Минатата година преку оштетениот реактор е поставена огромна челична гробница која ќе го затвори за подолго од еден век и ќе го спречи понатамошното испарување. Пристапот во самата електрана е забранет, а ќе поминат уште децении додека луѓето ќе можат да се вратат.

Pripyat Hospital, Ukraine

На само неколку километри од електраната во Чернобил се наоѓа оваа болница каде што биле однесени првите пожарникари кои се нашле на местото на несреќата. Оваа болница сеуште содржи најголем степен на радијација на светот.

Fukushima, Japan

Во 2011 година, цунами ја погоди нуклеарната електрана Фукушина Даичи во јапонскиот град Окуми, што предизвика топење на јадрата во три од шест нуклеарни реактори. Околу 16 000 лица беа евакуирани од околината. Степенот на радијација во внатрешноста на електраната е до 530 сиверти на час, што е многу повеќе од доволно да убие човек.

Јапонија сеуште се обидува со помош на роботи да го извлече горивото од растопените реактори. Минатата година постигнаа некој успех, со тоа што лоцираа гориво во два од три реактори. Фукушима уште долго време нема да биде сигурно место за живот.

Извор: enauka.mk

Loading...

Shpërndaj me

Loading...