Објектот висок околу 40 метри во Грузија, познат под името Катски столб важи за најнепристапна црква во светот. Црквата е стара повеќе од 1000 години и во минатото, овде доаѓале осамениците и монаси по потрага по својот мир.

Изградена е во деветиот век, а последните монаси кои живееле овде ја напуштиле 6 векови подоцна. Следната посета била после 5 векови, во 1944 година.

Катскиот столб или попознат како Столб на животот е исполнет со голем број легенди. Деталните истражувања кои биле извршени во периодот помеѓу 1999 и 2009 година довеле до пронаоѓање на записи кои датираат од 13 век. Во 90-те повторно се вратени монасите, а државата покренала програм за реставрација.

Она што се уште е нејасно, е како успевале монасите да дојдат до неа имајќи предвид дека е прилично непристапна тврдина.

Денес во неа живее само еден монах, Максим Кватараџе, кој дошол овде во 1995 посветувајќи се целосно на аскетскиот живот.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...