Бројот на загинати во синоќешниот напад во ноќен клуб во Калифорнија се искачи на 12. Повредени се уште десетина лица, а меѓу мртвите е и напаѓачот чиј идентитет засега полицијата не успеала да го утврди. Исто така, засега е непознато дали тој се самоубил или бил убиен од друго лице во локалот.

Според изјави на очевидци, напаѓачот бил облечен во црно и имал брада. Влегол во клубот, го застрелал обезбедувањето, па фрлил димна бомба и почнал да пука. Локалот во којшто се случило пукањето е на околу 70 километри западно од градот Лос Анџелес.

 

Loading...

Shpërndaj me