Прелиминарните истражувања укажуваат дека жалфијата може да олесни дел од симптомите на Алцхајмеровата болест. Сварете си чај од жалфија ако имате проблеми со стомакот или ако ве вознемирува сувото и болно грло. Чајот од жалфија ги намалува болките во грлото.

Рузмаринот е моќен антиоксиданс кој го зголемува протокот на крв кон мозокот и го заштитува мозокот од слободните радикали, а со тоа го намалува ризикот од мозочен удар и болести како Алцхајмеровата болест.

Традиционално чајот од нане се користи за ублажување на болките во стомакот, но нането истовремено ја подобрува и дигестијата на храната. Нането помага и при појава на дијареја, гасови во стомакот и синдром на нервозни црева.

Магдоносот е неверојатно богат извор на витамини А и Ц, помага за зајакнување на имунитетот и е особено полезен во заштитата на кардиоваскуларниот систем.Чајот од магдонос се користи и за олеснување на симптомите при појава на уринарни инфекции.

Куркума е зачинот кој му ја дава жолтата боја на карито, а најмногу се користи во индиската кујна и медицина. Во последниве години истражувањата сè почесто ја потврдуваат неговата моќ да се бори против ракот. Во неговиот состав влегуваат супстанции коишто го намалуваат растењето на туморите.

 

Loading...

Shpërndaj me