Да се биде фан на еден клуб не е нешто обично. Многу фудбалски натпревари на трибините завршувале и се уште завршуваат со несреќни случаи, навивање како на бојно поле, солзи, среќа и сè што може да си замислите…

Ривалските клубови во една земја се секогаш причина повеќе за натпревари со адреналин, исчекувања и разочарувања…

Во продолжение ви ги претставуваме едни од „најжешките“ и најголемите ривали во фудбалската историја…

Партизан – Црвена Ѕвезда (вечни ривали)

Вечна борба во Белград се натпреварите на двата познати тима Партизан и Црвена Ѕвезда. Овие две екипи се најпопуларни во земјата со 48% фанови кои навиваат за Црвена Ѕвезда и 32% за Партизан.
Двата клуба се основани по Втората светска војна. Црвена Ѕвезда е основана на 4 март 1945 година од страна на младите членови на Обединетата Лига на Антифашистичката младина на Србија, а Партизан на 4 октомври 1945 година како дел од Здружението на југословенскиот спорт.

Милан – Интер (Derby della Madonnina)

Милано е дом на светски познатиот фудбалски клуб AC Milan (Associazione Calcio Milan) и FC Inter (Football Club Internazionale).
Натпреварите помеѓу двата клуба се познати како миланско дерби или дерби дела мадониа (Derby della Maodnnia) во чест на една од главните знаменитости во градот што се наоѓа на врвот на миланската катедрала Дева Марија наречена Мадонина.

Сите знаат дека двата тима се постари повеќе од 100 години, но малкумина знаат дека и двата тима се формирани за време на неофицијален разговор во ресторан. Ac Milan е формиран по договор помеѓу англичани и италијанци во еден хотелски ресторан, а слична приказна има и Интер. Tие делат ист стадион и токму затоа нивните натпревари се секогаш највозбудливи за следење. Интер е основана на 9 март 1908 година, а Милан е основана на 16 декември 1899.

Рома- Лацио (Derby della Capitale)

За време на овие натпревари од секогаш постоел најголем ризик со оглед на нетрпеливоста и меѓусебната омраза на навивачите на овие клубови. Во нивните натпревари политиката има значајна улога.
Италијанците се фантастично политички народ и водат постојана борба помеѓу „црвените и црните“- по римските улици секогаш има пренос во живо од натпреварите на видео бим. SS Lazio (Societa Sportiva Lazio) е основан во 1900 година, а AS Roma (Associazione Sportiva Roma) во 1929 со спојување на три клуба Roman, Alba-Audace и Fortitudo.

Ливерпул- Мачестер Јунатед (North West derby)

Двобојот помеѓу овие два клуба е еден од најзначајните во фудбалското ривалство. Понекогаш е наречен North West derby, бидејќи и двата клуба доаѓаат од северозападна Англија со повеќе од 115 освоени трофеи.
Познато е дека фановите на овие два тима не се сакаат баш најмногу, особено кога Манчестер стана директен ривал на Ливерпул. За какви ривали станува збор говори познатиот податок дека од 1964 години немало трансфер на играчи помеѓу двата клуба- односно од времето кога Phil Chisnall преминува од Манчестер во Ливерпул.

Фенербахче и Галатасарај (Kıtalar Arası Derbi)

Се работи за следење на едни од „најжешките“ фудбалски ривали во светот!
Ривалството во еден од најголемите дерби во Истанбул, се базира на континенталната поделба. Фенербахче е од азиската страна Истанбул, додека Галатасарај клубот припаѓа на европскиот дел на градот. Оваа поделба на дербито исто така се вика и интерконтинентално дерби.
Последниот пријателски натпревар двата клуба го одиграа во далечната 1934- та која беше прекината поради нереди на трибините.

Барселона- Реал Мадрид (El Clasico)

El clasico е една од најгледаните клупски фудбалски натпревари на планетата. За разлика од многу дерби, овде квалитетот на фудбалскиот натпревар е вистинска атракција. Културните и политичките разлики се предизвикани од фактот дека Барселона ја претставува Каталонија додека Реал Мадрид Кастилја.
Нивното ривалство и резултатите од натпреварите се под големо влијание на политиката.

Реал отсекогаш бил клуб на режимот на земјата, а нивниот претседател Santiago Bernabeu десничар.
Барселона е основана во 1899 година, а Реал Мадрид во 1902 година. Првиот натпревар помеѓу овие два клуба е одржан на 17 февруари 1902 година.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...