Најголемите партии во земјава се резервирани околу нацрт-предлогот на ДУИ за ветинг. Од СДСМ велат дека сè уште не го разгледале и не формирале став, но потсетуваат дека Антикорупциската комисија е институција која е веќе задолжена да ги проверува функционерите.

Од ВМО-ДПМНЕ велат дека ќе го разгледаат предлогот, но додаваат дека ветингот треба да почне од функционерите на власта.

Осумте пратеници кои се одметнаа од ВМРО-ДПМНЕ иницијативата за ветинг ја оценувата како добра. Според нив, треба да има поголема контрола за луѓето кои вршат јавни функции.

Алсат обезеди дел од предлог-законот за ветинг кој е испратен до пратеничките групи. Тој предвидува формирање на независна агенција за контрола на носителите на јавни функции која ќе собира, анализира и ќе објавува податоци за нив. Со ветингот е предвидено да се опфатат сите функционери, почнувајќи од претседателот на државата, претседателот на Собранието, премиерот, па дури и судиите и обвинителите. Предвидено е агенцијата да има директор и заменик-директор кои би ги избирало Собранието.

Фатлуме Дервиши

Loading...

Shpërndaj me

Loading...