“Chocolate Museum Vienna“ е новата атракција во Виена. Целта на овој музеј е да ја претстави тесната поврзаност помеѓу историјата на Виена и вековното производство на чоколадо. Експонатите во првиот дел од музејот говорат за историјата на Маите, Ацтеките и другите народи кои имале голема улога во развојот на какаото. Во големата инсталација може да се види како зрното какао дошло во Европа и кој бил задолжен за неговото развивање и распростанување.

Во следната просторија се наоѓа голема тропска џунгла која оддава впечаток на вистинска плантажа на која фармерите одгледуваат какао. Специјалниот изглед на музејот го дополнуваат многуте чоколадни фигури од областа на културата и историјата. Некои уметнички скулптури се тешки околу 350 килограми.

Музејот е опремен со технологија и многу забавни интерактивни игри низ кои може да се дознае повеќе за омиленото слатко задоволство.

 

Shpërndaj me