По одбивањето на премиерот Зоран Заев да се сретне со претставниците на иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“, тие најавија дека ќе продолжат со протестите. Првиот човек на ова иницијатива, Хамди Сулејмани, рече дека се уште не добиле никаков официјален одговор од кабинетот на премиерот за нивната покана, освен одговорот кој јавно беше даден во медиумите дека Заев најверојатно нема да има време за средба во текот на викендот.

„Ние утре во 11 часот ќе го блокираме патот кој ги поврзува Попова Шапка и Тетово и уште еднаш ќе дадеме ултиматум премиерот да дојде одблизу да го види туристичкиот центар и да ги види проблемите кој ги има таму. Од институциите ќе се бара да преземат конкретни мерки за развој на овој туристички центар“, рече Сулејмани.

Loading...

Shpërndaj me