После повеќе од една деценија, нафтените компании коишто ги чуваат државните нафтени резерви, ќе добијат пари од државата за нивно складирање. Месечно ќе инкасираат по 2 и пол евра од складиран тон, а за таа цел државата годишно ќе одвојува вкупна сума од нешто над 3 милиони евра.

По предлог на Министерството за финансии, Владата конечно ја донесе Уредбата за висината на надоместокот за чување на државните нафтени резерви, која ја чекаа трите компании Макпетрол, Лукоил и ОКТА. Инаку, граѓаните со секој купен литар гориво ù плаќаат на државата од 30 до 89 дени за нафтените резерви. По оваа основа, државата годишно собира околу осум милиони евра.

„Со таа уредба ù се овозможува на Агенцијата за нафтени резерви да плаќа надомесок за чувањето на нафтените резерви. Цената е 2 ипол евра од тон и оваа Агенција во својот буџет има обезбедено средства да го исплаќа овој износ“, рече Драган Тевдовски, министер за финансии.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...