Вечен живот – тема на која компаниите како Гугл трошат милионски суми за да ја истражат. Научниците постојано се соочуваат со предизвици, иако досега е дојдено до значајни откритија. Стравот од смртта ја поттикнува желбата кај луѓето за пронаоѓање на еликсири за бесмртност или начини за што повеќе да го пролонгираат својот животен век.

Со напредокот на науката, можеби наскоро ќе дојдеме до решението на овој проблем: Како да живееме вечно?

Во Северозападниот Универзитет во САД, научниците откриле како да го исклучат генот што предизвикува стареење. Иако оваа теорија е тестирана само на црви, а разликата помеѓу црви и човек е многу голема, сепак ова откритие е навистина важно.

Друго постигнување на науката е оживувањето на глувци со инфузија на крв од млади глувци. Истражувачите сметаат дека оваа процедура можеби би успеала и кај луѓето.

Обри де Греј, научник и автор на „Крај на стареењето“, работи на стратегија да ја отстрани смртта од нашите гени. Toj моментално работи на 7-те нешта кои предизвикуваат стареење, а тоа се:

1. Мутација на јадрото/епимутација: Мутации кои може да предизвикаат рак.

2. Мутација на митохондријата: Делови од клетките кои се важни за производство на енергија.

3. Отпад во клетката: Протеини кои не се правилно „дигестирани“ од нашите клетки.

4. Отпад надвор од клетката: Протеини кои се таложат надвор од клетките (мозокот на пациентите со Алцхајмерова болест).

5. Губење клетки: Клетки кои не можат да се регенерираат сами.

6. Клеточно стареење: Кога клетките ја губат способноста за поделба.

7. Екстраклеточни вкрстени врски: Губење на еластичноста на клетките и ткивата.

5 начини на кои научниците веруваат дека можеме да станеме бесмртни:

1. Отклучување на моќта на гените: Кога ќе се реши мистеријата на гените, научниците можеби ќе го пронајдат генот на бесмртноста и ќе го „пресадат“ кај луѓето.

2. Клонирање: Клонирање делови од телото за замена на цело човечко суштество, за кое се верува дека е гранка на студиите за бесмртност, која е најраспространета.

3. Криогеника: Зачувување на организмот – болните луѓе може да бидат замрзнати сè додека не се пронајде лек за нивната болест.

4. Сајбер мозок: Телото можеби ќе исчезне, но умот може да биде прикачен на хард диск и да стане бесмртен. Главната улога во оваа идеја е проектот Русија-2045, според кој ова ќе биде возможно за само 17 години.

5. Поправање на клетките: Нано технологијата исто така еволуира, па можно е сите модификации и третмани на нашето тело да бидат изведувани од нанороботи. Можеби тие ќе можат да ги заменуваат клетките кои умираат, со нови.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...