Американските научници го пронајдоа генот кој е одговорен за дебелеењето. Тие успеаја да го «исклучат», благодарение на што експерименталните глувци ја совладале прекумерната тежина, се вели во написот на истражувачкото специјализирано списание Cell Reports (Клеточен извештај).

Како што наведува тимот на истражувачи од Медицинскиот колеџ Бејлор и Политехничкиот универзитет на Вирџинија, на науката и беше познато дека диетата со висока содржина на маснотии ја менува активноста на мозокот, ги зголемува склоностите на организмот кон дебелеење. Единствено, што до сега не успеваа да воочат, е на каков начин тоа се случува.

Генот, поради кој луѓето се дебелеат е пронајден во клетките на мозокот. Тој се нарекува Rap1 и неговата основната функција е формирање на меморија и процеси на обука. Сепак, научниците се фокусираа на неговата улога во обезбедувањето на енергетскиот баланс.

Експериментите се спроведуваа врз лабораториски глувци. Беа истражувани активностите на Rap1 на неколку места во организмот, меѓу кои и во главниот мозок, во групата неврони во хипоталамусот, каде се врши контрола меѓу хормоналните и нервните системи.

Во текот на истражувањата, научниците ја блокираа активноста на Rap1 во една од групите глувци, после што почнаа да им даваат храна со висока содржина на маснотии. Беше забележано дека движечката активност и топлотниот баланс на испитаниците останаа неизменети.

Како резултат на тоа, глувците со загушен ген, се здебелија помалку, отколку нивните обични соплеменици. Модифициранитре глодари јаделе помалку, а нивните организми активно ги трошеле насобраните маснотии. Притоа, во хипоталамусот во поголемо количество се образувал хормонот РОМС, којшто ја намалува гладта, а хормоните кои го стимулираат апетитот, обратно, се создавале во многу помали дози.

Покрај тоа, кај глувците со блокиран Rap1 не се развила отпорност кон лептинот, познат како хормон на ситоста, кој ја гаси желбата за јадење. Познато е дека при дебелеењето, луѓето се восприемчиви кон тој хормон, а во нивната крв тој се содржи во висока концентрација. Затоа таквите луѓе јадат многу повеќе од неопходното.

Исто така научниците забележале дека блокирањето на Rap1 ја подобрува толерантноста на организмот кон гликозата и ја зголемува чувствителноста кон инсулинот.

Ова буди надежи дека резултатите од истражувањата ќе помогнат да се разработат нови ефективни методи за борба со дебелината.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...