Еден млад Кинез ја освои првата награда на натпреварот за јадење на чили пиперки откако изеде 50 пиперки за само 68 секунди. Фестивалот се одржува втора година по ред во Нинфсијанг Фан парк, централната област на Кина, позната по својата зачинета кујна. Победникот Танг Шухуиху беше награден со 24 – каратна златна монета. На натпреварувачите им било наложено да изедат најбрзо што можат 50 пиперчиња, додека натпреварот го следеа лекарите. Фестивалот на чили пиперки ќе продолжи до крајот на август.

Shpërndaj me