НАТО изрази загриженост откако агенциите ја пренесоа информацијата дека Турција го примила првиот дел од испораката на руските противракетни системи С-400, јавува Франс Прес.

„Алијансата е длабоко загрижена по настанатата ситуација. Генералниот секретар и претходно, во повеќе наврати изјавуваше дека секоја членка има право самостално да носи одлуки околу тоа кој тип на оружје ќе го користи, но руските системи ќе бидат некомпатибилни со системите на американската противракетна одбрана и тоа е проблем“, се наведува во соопштението.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...