До крајот на септември, Владата ќе им наложи на телекомуникациските опоратори да ги намалат цените на роамингот услугите со Грција.  Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски е оптимист дека до крајот на годинава пониски цени на меѓународните разговори , смс пораки и користење на интернет ќе биде овозможено и со Косово и со Албанија.

Вакви договори земјава има со Србија, Црна Гора и БиХ. Манчевски вели, заеднички јазик треба да најдат не само државите, туку и регулатотните тела и операторите кои според министерот, ќе имаат драстично поголема побарувачка на услугите во странство.  Министерот стравува само од можни политички пречки.

„До дигиталниот самит во Скопје, Албанија и Косово не покажуваа  изразување на подготвеност и интерес за приклучување. Веќе на дигиталниот самит прв пат го кажаа тоа јавно и влеговме во една процедува на нивно приклучување на овој договор. Во оваа работа прилично ни помага и Европската Комисија, директо е вклучена и еврокомесарката Марија Габриел. Е сега да бидам искрен има малку и политички проблеми, како ќе се потпише тоа помеѓу Белград и Приштина“, рече Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.

Компаниите од телекомуникацискиот сектор по усвојувањето на овие договори, нема да работат со загуба, туку можно е да имаат намалена заработувачка, вели за Алсат М Директорот на АЕК Сашо Димитриоски. Регулаторот на телекомуникацискиот пазар во земјава вели дека причината што со Албанија и Косово се уште имаме скапи тарифи за телефонија и интернет во роаминг е силниот притисок и неотстапувањето од моменталната заработка на операторите во овие земји .

„Беа повикани и другите држави, како што се Албанија и Косово , но  најверојатно самите држави не успеале да смогнат сили да одолеат на притисоците на операторите кои што секогаш сакаат да си го заштитат бизнис интересот“, рече Сашо Димитриоски директор на АЕК.

Еве го ставот на операторите во земјава, ОНЕ.ВИП и Телеком.

ОНЕ.ВИП:

До овој момент оне.Вип ДООЕЛ Скопје нема официјална информација што ќе содржи споменатиот договор помеѓу Република Македонија и Република Грција и без анализа не би можеле да  дадеме конкретен одговор.“

ТЕЛЕКОМ

Сметаме дека намалувањето на цените за роаминг треба да се воведе постепено согласно пазарните услови со претходна детална анализа која ќе го земе предвид и влијанието врз инвестициите и долгорочниот развој на пазарот за електронски комуникации.“

Една од точките во договорот за добрососетсво со Бугарија е токму намалување на цените на роамингот, но засега ништо од тоа. Пред четири години земјава беше иницијатор да се направи договор за поевтин роаминг помеѓу земјите од опкружувањето. Минута телефонски разговор со појдовен повик од Македонија до Србија , БиХ , и Црна Гора со кои имаме договор е 13 денари, за дојдовен повик нешто над три  денари. СМС пораката се испраќа за нешто под пет денари, а мегабајт интернет чини околу 40 денари. За споредба со Бугарија  цените на овие услуги  се повисоки за неколку пати.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me