Два астероида со големина на облакодер денеска попладне ќе пролетаат покрај нашата планета, пренесува британскиот весник „сан“, повикувајќи се на информираат од американската Агенција за вселенски истражувања, НАСА.

Астероидите се оценети како „потенцијално опасни“, бидејќи ќе пролетаат на околу 4 милиони километри од површината на Земјата, што според НАСА, во астрономски пропорции тоа и не е така далеку. Научниците објаснуваат дека тоа растојание е десет пати поголемо од далечината меѓу нашата планета и Месечината.

Инаку, како што објаснуваат од Агенцијата за вселенски истаржувања, евентуален удар на астероид со вакви димензии нема да има посериозно влијание врз состојбите и животот на Земјата. Сериозно би можело да биде само ако се случи судир со небесно тело со пречник од 1.000 метри, велат од НАСА, додавајќи дека според нивните телескопи, таква опасност нема ниту во следните стотина годни.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...