НАСА ја задоволи љубопитноста на јавноста откако најави дека ќе објави важни информации од пронајдоците кои ги направи роботот „Кјуриосити“, кој од 2012 година се движи по површината на Марс и врши разни анализи. Американската вселенска агенција откри дека се најдени органски материи, факт кој уште повеќе го јакне уверувањето дека некогаш во оваа планета имало живот. Сепак, скептичните велат дека откритието не мора да значи дека Марс некогаш бил дом на некаков облик на вонземски живот или дека се уште може да има некакви живи суштества, но во секој случај резултатите се екстремно важни.

„Кјуриосити атерираше на Марс пред шест години. По неколку месеци престој роботот на карпите најде органски материи. Откривањето на органските материи во Марс е многу важно“, изјави Научничка на НАСА.

Самите научници на НАСА ова го сметаат како едно од најемотивните откритија досега на површината на црвената планета. Органските материи се остатоци кои се создаваат само од форма на живот. Актуелно, на површината на Марс не може да се живее, но научниците силно веруваат дека пред милиони години оваа планета била населена и овие тврдења ги засноваат на оставените траги од реки за кои се верува дека некогаш течеле на нејзината површина.

Шефкије Аласани

Shpërndaj me