Во тренинг центарот на Спортинг Лисабон, околу 50 навивачи ги нападнаа стручниот штаб и играчите. Маскирани за да не се познаваат, удраа со стапови и ремени врз тренерот Хорхе Јесус и неколку играчи. Во инцидентот повреден беше и холандскиот напаѓач, Бас Дост, додека со полесни повреди поминаа играчите како Акуна, Руи Патрицио, Карваљо и Мисиќ. Инцидентот настана по поразот на Спортинг со 2:1 од Маритимос во последната недела од поругалското првенство, поради што Спортинг останува надвор од Лигата на шампионите.

Shpërndaj me