Водостојот на Дојранското и Преспанското Езеро е намален за по еден сантиметар во однос на вчера, додека нивото на Охридското Езеро е за исто толку повисоко од вчера, покажуваат мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за повеќе од 2,6 метри повисоко од вообичаениот за овој период од годината, а кај Преспанското и Охридското е под просекот за декември.

Намалување на нивото од речиси три пати има и Вардар на мерното место кај Јегуновце, а водостојот и на останатите реки во земјава е понизок од вообичаениот за овој период од годината.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...