До крајот на март или почетокот на април, државата дефинитвно на Струга и Охрид ќе им ги одземе надлежностите во делот на издавањето на плажите под концесија. Министерот за транспорт и врски Сугаревски од Охрид најави дека тоа ќе се случи откако пратениците ќе го донесат новиот Закон за градежно земјиште кој во собраниска процедура влегува за една недела.

„Поради сите проблеми кои очигледно локалните власти неможат да ги решат тие проблеми и државата смета дека на подобар начин тоа може да го направи“, изјави министерот Сугарески.

За реакциите на граѓанските организации и активисти за наводни градби покрај самиот езерски брег во Струга, Сугарески рече дека неколку пати Државниот  градежен инспекторат извршил вонредни инспекциски контроли за што биле донесени решенија. Ова и било укажано и на општина Струга.

„Ако станува збор за општините, општините имаат градежни инспекции, доколку тие не постапат, постапува државиот градежен инспектор. Секаде  државата или општина во конкретиот случај мора да постапУва по нив, доколку не следниот орган постапува“, додава Сугарески.

Од општина Охрид велат дека се покажало дека локалните власти имааат потешкотии со менаџирање на плажите. Велат дека на овој начин ќе се исклучат и одредени локални влијанија кои досега постоеле.

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me



Loading...