Зад затворени врати се кординираа министрите за економија и земјоделство, и директорите на Агенцијата за храна и Царинската управа за ситуацијата со Косово по забраната на Приштина за увоз на македонски мед и компири. Нема детали што било договорено и со што утре министрот за економија Крешник Бекташи ќе настапи на состанокот со својот колега Едрит Шала во Приштина. Македонските производи ги задоволуваат светските стандарди и нема основа косовските власти да ставаат забрана посочува директорот за храна и ветеринарство

„Македонските производи ги задоволуват светските стандарди, највисоките страндарди што се бараат од Европската Унија, компирот исто така брзо за некој месец, два ќе добие дозвола за извоз во Европска Унија и ние ќе побараме од косовските власти во текот на утрешниот ден со аргументи врз основа на кои меѓународни стандарди ја воведуваат оваа забрана“, рече Зоран Атанасов- директор на Агенција за храна и ветеринарсво.

Рекција пристигна и од претседателот на стопанска комора Бранко Азески кој го дели исто мислење со Сафет Ѓергалиу, поранешен претседател на стопанскта комора во Косово. Според него забраната од косовска страна е популистичка мерка донесена во погрешно време.

Стопанска Комора:

„Вака јавно изнесен став треба да биде пример како бизнисот треба да реагира во услови кога се преземаат политички чекори за носење популистички одлуки. Имено, забраната за увоз на рибен подмладок и икра не се однесува само за Косово, туку и за сите останати земји кои немаат мониторинг, бидејќи земјава се подготвува од следната година да добие дозвола за извоз на свежа риба на европскиот пазар“.

Трговскиот спор со Приштина започна пред десетина дена откако Македонија забрани увоз на риба и икри, зашто косовската агенција за храна не е акредитирана според европски страндарди. На тоа следеше одговор од Косово – блокада за увоз на македонски компири и мед. Последните податоци на државниот завод за статистика говорат дека оваа година за разлика од претходната извозот е зголемен за 38,6 проценти.

Во Косово годишно се извезуваат 1.000 тони компири, а извозот на мед е во вредност од околу 400.000 евра годишно.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...