Изгледате ли постаро од тоа што сте? Освен генетиката, постојат бројни фактори што влијаат на забрзаното стареење на луѓето.

Ви претставуваме 10 навики од коишто мора да се ослободите ако сакате да изгледате помлади, а да не ставате ботокс, ниту да се подложите на козметички операции.

Никогаш не е предоцна да започнете со промените.

1.Нискокалорични диети

За да спречите појава на брчки, важно е да консумирате храна полна со омега-3 која ќе ја прави кожата мазна. Нискокалоричните диети не ја содржат оваа компонента и тоа предизвикува прерано стареење на кожата.

2. Пиење преку цевка

Кога пиете низ цевка ги собирате усните, а тоа предизвикува линии и брчки на лицето и околу устата. Истото се однесува и на пушењето.

3. Спиење на страна

Кога спиете на страна лицето ви е притиснато на перницата и тоа предизвикува и ги зголемува брчките на подбрадокот и на лицето. Според експертите, најдобро е да спиете на грб, без да го притискате лицето.

4. Лошо седење

Лошото седење го искривува рбетот, а како резултат на тоа мускулите и коските стануваат напнати, па вие чувствувате болка, дури и несвестица. Долгото лошо седење може да предизвика и траен деформитет.

5. Користете млеко за сончање и кога не сте на плажа

Преголемата изложеност на УВ зраци може да предизвика прерано стареење на кожата. Заштитете се со млеко за сончање, дури и кога е облачно бидејќи УВ зраците лесно продираат и низ облаците.

6. Преголема топлина

Преголемата топлина во просторијата во која го поминувате денот (и ноќта) го сушат воздухот, а сувиот воздух ја суши кожата.

7. Не му кажувајте НЕ на шеќерот

Знаеме дека шеќерот не е здрав за нас, ама нездрав е и стресот. Затоа, понекогаш, треба да се почестите со нешто слатко и да се чувствувате среќни.

8. Гледате премногу телевизија

Кога ќе седнете пред телевизорот знаете да останете во истата положба со часови. За здраво тело, на секој половина час станете и прошетајте се малку.

9. Не спиете доволно

На возрасните им се потребни барем 7 часа спиење секоја ноќ. Недоволното спиење ќе ве прави анемични, ќе ви го скуси животот, ќе ве прави раздразливи и нервозни. Затоа, легнувајте си порано.

10. Стрес заради лоша организација

Хроничниот стрес предизвикува сериозна штета на клетките, а тоа може да го забрза процесот на стареење. Заборавете дека утре можете да го завршите тоа што не сте успеале денес и обидете се да завршите сè на време – со добра организација и план.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...