Владата и Министерството за финансии го подготвуваат Буџетот за 2018 – та година. Иако ветија, досега во кроењето на државната каса не се вклучени невладините организации. Дел од експертите немаат информации во која фаза е новиот Буџет. Се уште има проблеми и со транспарентноста.

Дел од проблемите се во транспарентноста и во поглед и она што се планира како буџетски расход, како и на она што е реализација на Буџет… Има уште многу што може да се поправи, на пример во Албанија сите расходи на државата може да се видат најтранспарентно во реално време.“ – изјави Александар Николовски – НВО 

Јас немам добиено никаква покана, ниту пак имам информација дека Буџетот се подготвува, во која фаза е, како течат подготовките и дали Буџетскиот календар е се уште тесен…“ – вели Марјан Николов – Центар за економски анализи

Од Министерството за финансии потврдија дека се крои државната каса за 2018 – та година.

Што се однесува до Буџетот, истиот ќе им биде даден на увид на граѓаните и ораганизациите и ќе бидат консултирани за конкретни мерки кои се во нивен домен на делување.“ – соопштуваат од Министерство за финансии 

Инаку, забелешките на невладините никој не ги слушна, бидејќи немаше претставник од Финансии. Не слушнаа ниту дека треба растот на домашната економија да го почувствуваат и домаќинствата, а не само да се дебатира за процентите на раст, како што беше на „Самитот 100“ кој се одржа неделава, кога премиерот Зоран Заев побара раст од минимум пет насто.

Тоа е импотентна изјава која долго време политичарите во Македонија ја злоупотребуваат и таа служи за мотивирање на гласачи, како и за импотентна и стерилна дебата меѓу партиите дали некој остварил просек од 5% или 2 %.“ – вели Николов

Николовски вели дека растот на бруто домашниот производ треба да биде само насока дали економските политики одат во вистинска насока.

Верица Павлоска

Loading...

Shpërndaj me