Според БЕСА, најзаслужни за денешното постигнување за НАТО се граѓаните на Македонија. Портпаролот на партијата, Орхан Муртезани, изјави дека токму евроатланскиот напредок на Македонија била причината зошто БЕСА станала дел од владата. Муртезани истакна дека неговата партија ќе игра конструктивна улога во исполнувањето на обврските кои се поставени како предуслов за членство во НАТО, како што се референдумот и уставните измени.

„Најзаслужни за овој голем успех се граѓаните на Република Македонија и тие заслужуваат најголеми честитки, а несомнено дека и политичкиот фактор во земјава го одработи своето, вклучително тука и Беса која стана дел од владата за Македонија да стане членка на НАТО и со тоа да се исполни едно ветување кон граѓаните и гласачите на Беса, дека ние ќе бидеме членка на НАТО без оглед на политичката цена“, изјави Орхан Муртезани, портпарол на Беса.

Shpërndaj me