Поранешниот стратег на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо наводно ја прифатил изречената едногодишна казна затвор заради затајување данок, но нема да се најде зад решетките.

Мурињо одговараше пред Судот бидејќи во периодот од 2011 и 2012 година во шпанската даночна управа не ги пријавил сите приходи стекнати од продажба на авторски права за користење на неговото име додека бил тренер на Реал Мадрид.

И покрај обвинителната пресуда Мурињо нема да биде ставен во затвор бидејќи шпанските закони овозможуваат ако сторителот не е претходно осудуван и ако за делото за кое одговара не се пропишува затворска казна поголема од една година, може да помине со парична казна.

Според договорот со Судот, Мурињо ќе треба да плати 182.500 евра данок со камата и дополнителни два милоиони евра казна.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...