Мотоциклист од Скопје со тешки телесни повреди рано изутринава е пренесен на Ургентниот центар во Скопје, по сообраќајна несреќа на патот Јурумлери – Хиподром.

Како што се наведува во извештајот од полицијата:

На 26.08.2019 во 03.10 часот на локалниот пат с.Јурумлери-н.Хиподром се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес ц220“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(31) од Крива Паланка и мопед „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.К.(33) од Струмица, со живеалиште во Скопје. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...