Две лица од Скопје се хоспитализирани откако моторот со кој се превезувале излетал од коловозот на автопатот Мајка Тереза.

Како што се наведува во полицискиот билтен:

На 14.08.2019 во 18,50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Мајка Тереза (Обиколница) К.Р.(41) од Скопје управувајќи моторцикл “Хонда ЦБР“ изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот и сопатникот Г.С.(42) од Скопје и биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...