Новото судење за случајот “Монструм“ почна со воведните зборови на Специјалното јавно обвинителство – Фатме Фетаи најави нови докази и околности во случајот.

Денеска се произнесоа и обвинетите. Агим Исмаиловиќ, се колнешe дека нема врска со случајот и дека не го извршил делото. Од обвинителката Фетаи, Исмаиловиќ беше прашан дали знае каде е неговиот брат Африм Исмаиловиќ кој е во бегство. Одговорот беше дека тој има информации дека e во Приштина и дека местото каде престојува и е познато за косовската полиција. Сведочеше и Фејзи Азири кој детално објасни кај бил и што правел во моментот кога се случиле убиствата кај Смилковското езеро. Азири рече дека случајот е монтиран од полицијата. На прашањето дали телефонски разговарал со функционери на ДУИ, Азири одговори потврдно.

“Сум имал средби и телефонски разговори со високи функционери на ДУИ. Телефонски сум разговарал со Невзат Бејта, но и со Изет Меџити. Разговорите претежно биле за партиски работи кога јас бев вклучен во партијата“, изјави Фејзи Азири, обвинет.

Со сведочењето на Азири заврши денешното рочиште. Судењето продолжува за една седмица.

Елмедина Алији

Shpërndaj me