На денешното рочиште за случајот „Монструм“ повеќето од презентираните телефонски повици и смс пораки беа приватни. „Бомбите“ кои беа ислушани денеска вклучуваат досиеја од 18 април 2012 година, но според адвокатите ова не се толку релевантни во судскиот процес. Приватните разговори се случуваат меѓу непознати лица со лицето Н.Н. Меѓу останатото во еден од прислушените материјали се слуша како било приведено едно невино лице. Именуваниот Неџмедин покажувајќи му го телефонскиот разговор на лицето Н.Н.  му кажал дека во полициски распит му кажале дека тој го организирал случајот. Машкото лице со иницијали Н.Н. е познат за судот, но тој не е меѓу обвинетите за случајот Монструм.

Да ти кажам бев многу лошо, но сега сум добро. Бев во Грција и на влез во државата ме уапсија. Бев во полициска станица, но сега ме пуштија. Сакаа да ми монтираат многу работи. Имав едно старо возило, мерцедес, паркиран спроти сервисот. Ги украле таблиците и ги ставиле на возилото со кое се возеле убијците“-се вели во телефонски разговор меѓу Неџмедин и лицето Н.Н.

Адвокатите велат дека денешните прислушувани разговори кои беа слушани во судот немаат некоја посебна тежина. Насер Рауфи вели дека цело време додека биле прислушувани клучните зборови во разговорите, биле снимени во дата базите на средствата за прислушување.

На секое рочиште има нови прислушувани материјали што е работа на обвинителството да го детектира тоа, како што имавме телефонски разговори меѓу лицата кои според телефонските броеви, верувам дека и обвинителството знае, тие зборуваат за самото убиство. Сакам да речам дека ова што го слушавме не се лица кои се обвинети, туку други. Работата на обвинителството е во истрагата да докаже кои се извршителите. Сега стана многу јасно дека грешката на екс обвинителството било што ги обвиниле овие лица кои се пред суд“-изјави Насер Рауфи, адвокат.

Пред почетокот на рочиштето, адвокатот на оштетените, Дафинка Ивановска соопшти дека вчера имала средба со министерката за правда, Рената Дескоска, но рече дека ништо конкретно немало од таа средба во врска со процедурата околу барањето за екстрадицијата на двајцата осомничени кои се пребегани во Косово. За петкратното убиство на Смилковското Езеро на 12 април 2012 година во кое беа убиени младите Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Атковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор се осудени Адил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ја укина одлуката и ги ослободи од притвор обвинетите Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им одреди мерка на претпазливост. По укинување на пресудите случајот Монструм беше преземен од СЈО, а предметот е вратен на повторно судење.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...