Вкупно 6 сведоци за случајот Монструм биле поканети, но тројца од нив не дојдоа на денешното рочиште. Првиот сведок Ахмед Бекир даде контрадикторна изјава. Не објасни кога слушнал истрели, кога ги видел жртвите и лицето кое им се заканило. Рочиштето беше прекинато бидејќи на сведокот му се слоши.

На пат кон дома видовме 4 лица кои лежат. Не се доближивме бидејќи бевме исплашени. Човекот со оружје, не се сеќавам дали го видовме пред или откако ги видовме телата. Тој човек ни се закани и ни рече одете оттука или ќе ве убијам“, изјави  Ахмет Бекир, сведок.

Вториот сведок, Кемал Несим рече, додека ловеле риба, момчињата им побарале работи потребни за рибарење, а по извесно време заминале. Несими рече дека на одење кон дома виделе автомобил со темна боја. Подоцна сретнале човек кој им кажал дека е полицаец. Тој им се заканил и тие од страв избегале.

Стој, полиција! Бегајте, ќе ве убијам“, ни рече тој. Потоа мислам дека видов уште 3-4 други лица. Потоа слушнавме истрели. Откако заминавме уште два часа останавме на местото каде ловевме риби. Подоцна кога по втор пат тргнавме за дома, забележав тела кои лежат“, изјави Кемал Несим, сведок.

И третиот сведок, Бајрам Мемедов, рече дека бил исплашен, затоа останал далеку од лицата кои лежеле и не знаеше многу детали.

Јас бев назад, братот на Кемал беше пред мене. Јас не сакав да се вртам и да гледам“, рече Бајрам Мемедов, сведок.

При петкратното убиство на Смилковското езеро во 2012 година беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Светан Ацковски, Александар Нацевски и рибарот Борче Стефановски. Обвинетите за овој случај пред некое време беа ослободени да се бранат во слобода.

Елмедина Алији

Shpërndaj me