Катица Јанева го побара и доби на разгледување случајот „Монструм“ од обвинителството за организран криминал и корупција. Предметот и стигнал во понеделникот, што според законските рокови значи дека најдоцна до 20-ти март ќе мора да одлучи дали СЈО ќе ја преземе надлежноста за петкратното убиство кај Смиљковското езеро во 2012-тата година.

Информацијата дека СЈО го побарале Монструм, прв ја соопшти судијата Огнен Ставрев и тоа на денешното рочиште за случајот. Тоа наиде на негодување кај родителите на убиените, бидејќи без надлежен обвинител, судењето мораше повторно да се одложи. Но и оштетените и обвинетите инсистираа процесот што поскоро да продожи, па следното рочиште ќе биде за околу еден месец.

Надвор од судницата, адвокатите на обвинетите изјавија дека очекуваат СЈО да го презеде случајот, што би било потврда дека во прислушуваните разговори има докази кои би фрлиле поинакво светло на настаните.

„ Јас сум сигурен дека СЈО ќе го прееме случајот. Тоа значи дека нашиот труд, на адвокатите, СЈО да го преземе предметот, беше успешен. Јас сум веќе сигурен дека СЈО и физички ќе го преземе случајот“, изјави Насер Рауфи- адвокат на одбраната

„По наше скромно мислење тоа требаше и претходно да се вопстави, но никогаш не е доцна да се утврди вистината. Двете страни овдека се поврдени“, посочи Сашо Дуковски- адвокат на одбраната

Развојот на настаните сепак не наиде на оптимизам кај родителите и роднините на жртвите, кои велат дека веќе загубиле доверба во системот, особено по новите информации за дел од доказите во случајот- како за возилото за бегство.

Судот мајтап си игра со случајот Монструм шест години. Веќе и политичките партии се пазарат со нашиот случај, со крв на деца се пазарат. Претходната власт ни тврдеше едно, сегашната власт ни тврди дека опелот омегата е на МВР и дека има паднат телефон на висок функционер на разузнавање…. на Смиљковско езеро, таму е најден“, изјави Горан Наќевски- татко на убиенот Александар Наќевски

Случајот Монструм беше вратен на повторно судење откако Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот и Апелациониот суд во кои шест лица беа осудени на доживотен затвор за убиство на четири момчиња и уште едно лице кај Смилковското езеро. Барањето за укинување на пресудите и враќање на постапката побара јавната обвинителка Лилјана Спасовска.

Алсат М

Shpërndaj me