Момче од скопско Арачиново е приведено од полицијата откако во возило што го управувал биле пронајдени мигранти.

Како што се наведува во полицискиот билтен:

На 11.09.2019 во 08.05 часот на местото викано „Костурник“, атар на с.Речица, кумановско, полициски службеници го привеле И.А.(21) од с.Арачиново. При контрола на патничко моторно возило „рено еспејс“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал И.А., полициски службеници пронашле 15 лица мигранти од Бангладеш. Возачот и мигрантите биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...