Општина Струга сѐ уште молчи и не кажува колку вкупно дивоградби има на нејзина територија и покрај тоа што крајниот рок беше овој октомври. Локалните власти требаше  да изработат детален попис со утврдување на вкупниот број на сите постоечки бесправни градби. Министерот Едмонд Адеми, кој е претседател на Националната комисија за УНЕСКО, за Алсат вели дека Рамиз Мерко не ги почитувал роковите кои заеднички ги договориле, согласно препораките на Владата.

„Одбивањето да го даде инвентарот на диви-градби, кои се во негова надлежност, во јавноста остава впечаток дека нешто се крие. Дали е тоа така, незнам, тоа ќе мора да го прашате градоначалникот Мерко. Она што е важно е дека Рамиз Мерко, како градоначалник мора да си ја заврши обврската која ја има и кон институциите, но пред се кон граѓаните кои го избрале за градоначлник. Граѓаните очекуваат справување со дивоградбите кои го загрозуваат Охридското Езеро, и затоа Владата ќе биде бескомпромисна по тоа прашање“, вели Едмонд Адеми-претседател на национална комисија за УНЕСКО.

Градоначалникот Мерко, во неколку наврати тврдеше дека во зашитениот појас на Охридското езеро во Струга, нема дивоградби. Според невладиниот сектор таквиот став на Мерко е несериозен.

„Сметам дека општината треба да биде транспарентна и кон органите на државната управа и кон своите граѓани и да излезе со целосен точен извештај за бројот на дивоградби и начинот како да се справиме со нив. Криењето на информацијата, односно држењето за ставот дека не постојат дивоградби на територијата на општина Струга, ни дава за право да се сомневаме дали нешто воопшто се крие од општината и градоначалникот и што е тоа што се крие од нивна страна“, вели Глигорие Ќатоски – „Доста е“.

Ќатоски вели дека ако општината продолжи со ова, извештајот треба да го изготват надлежните државни органи, а ингеренциите во тој да и бидат одземени на локалната власт.

Мики Трајковски

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...