Молк од кабинетот на Претседателот, по вчерашното барање на десетици демонстранти и сопартијци за помилување на осудениот пратеник Никола Груевски. Според универзитетскиот професор Темелко Ристовски, основа за барање на помилување има, но тоа не може да го поднесат сопартијци или поддржувачи. Дополнително, Темелковски вели дека ниту Претседателот не може да одлучува „на своја рака“, туку постои правна процедура за помилување.

Треба да поднесе молба тој лично или негов брачен другар, или роднина по права линија или посвоеник, старател, брат, сестра итн. до министерството за правда и понатака постапката ја води министерството за правда. Изработува соодветен предлог, го проследува до претседателот, претседателот одлучува по слободна волја.“ Изјави,  Темелко Ристовски – универзитетски професор

Ристовски додава дека дури и да биде помилуван, Груевски има низа судски процеси против него, па таквиот чин смета дека би создал негативен ефект. Премиерот Зоран Заев пак, воздржан од коментари.

Не би сакал да коментирам таква работа, заради тоа што тоа е повик од поединци. Ако навлезам да ги коментирам во детали, тогаш можам и да продуцирам и непотребни работи, така да јас не верувам дека ќе се случат такви работи.“ Изјави, Зоран Заев – премиер на Република Македонија

Екс премиерот Никола Груевски има правосилна пресуда за две години затвор за кривичното дело „Примање награда за противзаконско влијание“ за набавка на луксузниот мерцедес со пари на МВР. Според упатниот налог, тој денеска треба да се јави во затворот Шуто Оризари, но жалбената постапка се уште е во тек, па така мали се шансите дека денеска тој ќе се најде зад решетки.

Loading...

Shpërndaj me