Европската куќа на фудбалот ги објави групите пред утрешната ждрепка на која екипата на Шкендија и дефинитивно ќе го дознаат противникот во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. УЕФА во пресрет на ждрепката веќе ги подели групите, а Шкендија во групата „1“ е дел од носителите задно со Астана (Казахстан), Лудогоретс (Бугарија), Црвена звезда (Србија), како и АИК (Шведска), токму овие екипи нема да им застанат на патот на Тетовци. Во истата група како неносители а воедно и можни противници на Шкендија се Судува (Литванија), Клуж (Романија), Номе Калју (Естонија), Арарат-Ерменија (Ерменија), како и Ференцварош (Унгарија), екипа во која настапува нашиот репрезентативец Стефан Спировски.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...