Микробактериите, група од микроорганизми кои се причинители на разни тешки болести: Mycobacterium tuberculosis, лепра, кравја туберколоза и слично се најстарите непријатели на човечкиот род.

Се проценува дека и денес околу третина од светската популација е инфицирана со туберколоза, но доколку човекот има здрав имунолошки систем болеста живее притаено, најчесто на белите дробови, мирува и чека ситуација да имунолошкиот систем ослабне и остави простор за размножување на микроорганизмите т.е. настанок на болеста.

Вакцина постои веќе еден век, а се изработува од ослабен агенс, наречен BCG (bacillus Calmette-Guérin), а иако таа не развива целосна заштита од инфекцијата, таа повеќекратно го јакне имунолошкиот систем кој туберколозните бацили во организмот го држат под контрола. Вакцината пружа заштита против тешка, општа и дисеминарна туберколоза.

На патот на долгогодишната коегзистенција на човекот и микробактериите наназад, неколку децении беше забележано дека вакцинацијата која е суштински намерна и медицински контролирана со безопасна ослабена бактерија, освен за подигнување на имунолошката одбрана кон туберколозата, делува и како општ имуностимулатор: клинички е забележано дека вакцината го корегира имунолошкиот одговор во состојба на автоимуни болести, алергии и инфекции кај деца. Едноставно кажано – BCG вакцината се покажала како моќен имунолошки бустер.

“Евтината и стара вакцина против туберкулоза го доведува нивото на шеќер во крвта речиси на нормала кај пациентите кои страдаат од дијабетес тип 1 и тоа дава надеж за достапен и ефикасен третман”, вели Денис Фостман, директор на Имунобиолошката лабораторија при Општата болница во Масачусетс.

“Примерокот беше мал, но резултатите се големи” – велат авторите.

При терапијата, вакцината бесеже (Bacillus Calmette–Guérin), ги елиминира клетките што ги напаѓаат ткивата и го зголемува производството на Т-клетки кои можат да ја превенираат штетната автоимуна реакција.

Извор: енаука.мк

Shpërndaj me